Екипата на МЗТ Скопје е победник на турнирот „Димитар Ѓорѓиев" кој изминатите два дена се одржа во Кавадарци.
Во финале МЗТ го совлада Карпош Соколи со 83-65 (26-24, 25-12, 14-17, 18-12).
Најефикасен во денешното финале беше Дреновац со 14 поени, а Дамјан Стојановски и Луковиќ додадоа по 13. Кај Карпош Соколи, новото засилување Казановски беше најефикасен со 16 поени, додека Дарко Соколов реализира 11.
Третото место му припадна на Куманово кој со 91-78 беше подобар од домаќинот Фени Индустри.
Американецот Инграм со 24 поени беше најефикасен кај Куманово, пред Караџовски со 13 и Луковиќ и Бијелиќ со по 12 поени. Најпрецизен кај Фени беше Враговиќ со 20 поени.
0 comments:
Post a Comment