Friday, September 18, 2015

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: ЛЕК КОЈ ПРЕИЗВИКУВА ИНФАРКТ, А ВИЕ ГО УПОТРЕБУВАТЕ МНОГУ ЧЕСТО

Колку повеќе докази ја потврдуваат штетноста и опасноста од некои лекови, толку повеќе станува масовна и агресивна рекламата на повеќето од нив во средствата за јавно информирање.




Двајца специјалисти во областа на клиничката фармакологија од Велика Британија и Канада повикуваат да се внимава на штетното дејство на лекот диклофенак – лек од групата на нестероидни антиинфламаторни лекови и предупредуваат што поскоро да биде запленет од аптеките.

Нивните истражувања покажаа дека уште во 2006 година е откриено дека долготрајната употреба на диклофенак го зголемува за 40% ризикот од срцев удар и други срцеви заболувања.

Имајќи го во предвид постоењето на побезбедни алтернативни лекови, диклофенакот е потребно да биде исклучен од националните листи на лакови. Освен тоа има доволно основи кои се потврдени за овој лек да биде симнат од светските фармацевтски пазари, сметаат медицинските лица.

Пациентите кои земаат такви лекови во текот на една недела, почнуваат да умираат почесто од оние болни кои не се лекувале со нив. Ако пациенти поминале срцев удар и при тоа го пијат овој лек, после три месеци, можноста за повторување на инфарктот кај нив расте со 55%. Во моментот лекот диклофенак се испоставува дека е најопасен и неговото внесувањето во организмот е поврзано со трикратно зголемување на ризикот од смрт, велат научниците.

Затоа тие препорачуваат да се избегнува консумирањето на овој лек, а да се применуваат неговите алтернативи во консултација со лекар.

Извор: www.aktuelno24.mk

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП