Томислав Лисичанец |
„Јас денес дојдов со моите битолски пријатели уште еднаш да го посетам Кајмакчалан и патувајќи по оваа маршута ги среќаваме многубројните остатоци од Првата светска војна“ – изјави Томислав Лисичанец
На планинарскиот марш учество зедоа околу 80 планинари, од Србија и Македонија, а истиот е организиран од Заедницата на Срби во Македонија, месен одбор Битола. Планинарите со возила беа пренесени до караулата Скочивир каде што беше и стартот на маршот , од каде од месноста Сива Стена преку Старков гроб продолжија до врвот на Кајмакчалан. Одговорниот за маршутата, Благој Лазаревски вели дека маршот поминал без никакви проблеми.
„Проблеми со патеката немаше и ја препорачувам на сите во иднина да се движат од оваа страна, побезбедна е и посигурна. Со нормално одење потребни ни беа околу 3 часа за да се на врвот на Кајмакчалан“ – пренесе Благој Лазаревски, одговорен за маршутата на планинарскиот марш „Кајмакчалан 2015“
Од Заедницата на Срби во Битола се надеваат дека планинарскиот марш на Кајмакчалан ќе прерасне во традиционален. Додаваат дека имаат планови и активности Кајмакчалан да стане планина на задоволства и благодети и преку други настани, како што е догодина 100 годишнината од Кајмакчаланската битка.
0 comments:
Post a Comment