Најдобриот македонски ракометар го запозна градоначалникот Панов со активностите предвидени во неговиот долгогодишен проект за пронаоѓање на млади најтелентирани ракометари од Македонија, нивно менторирање, помагање во секоја смисла, како и насочување на вистинските вредности.
Како што кажа Кире Лазаров, во спортото и во животото, суштинска работа е да се почитува традицијата и историјата. Токму Кавадарци е меѓу ретките градови со длабоки траги во македонската ракометна историја. Па затоа неговата посета резултираше и со средба со градоначалникот на градот од каде потекнуваат многу поранешни, а и сегашни членови на македонската ракометна репрезентација.
Лазаров се потсети и, на почетоците во спортото во кој ги достигна светските височини, а кога како дете играл против неговите врсници на стариот асвалтен ракометен терен на градскиот стадион во Кавадарци.
Градоначалникот Александар Панов искажа почит кон Кире за спортските достигнувања и афирмацијата на Македонија и македонскиот народ во Светото, а воедно и благодарност што се сетил на Кавадарци и неговата ракометна историја, а пред се за потнцијалот на младите кавадарчани кои имаат талент за ракомет.
Панов искажа нескриена поддршка за проектото на Кире, како и лична подготвеност и поддршка од Советот и општината Кавадарци за неговиот проект во откривање и помагање на ракометните таленти.
Од оваа прва средба произлезе и заклучок за воспоставување сериозна соработка и взаемна помош во промовирањето и реализирањето на исклучително благородниот проект на Кире Лазаров за реинкарнација на ракометниот спорт.
На крајот од средбата беа разменети и пригодни подароци, а градоначалникот Панов од Лазаров доби дрес на македонската ракометна репрезентација со бројот 7.
0 comments:
Post a Comment