Wednesday, August 12, 2015

УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА СЕДУМ СЕЛА ВО КАВАДАРЕЧКО

Проектот опфаќа изработка на урбанистички планови на седум населени места во општината Кавадарци. СО урбанизацијата ќе се усогласат ново настанатите потреби на граѓаните кои живеат во овие населени места, а ќе се задоволат и потребите на стопанските субјекти, согласно нивните развојни планови – истакнуваат од локалната самоуправа.

Проектот за изработка на урбанистички планови во населените места Брушани, Ресава, Дабниште, Бегниште, Раец, Бојанчиште и Рожден општина Кавадарци го одреди за приоритетен. Со него ќе аплицира на јавниот повик за програмата за користење на средства за финансиска подршка на руралниот развој за 2015 година мерка 322.

Вкупната површина која што ќе биде опфатена со урбанизацијата изнесува 248,71 хектари. Потребните средства за изработка на урбанистичките планови се проектирани во вкупен износ од 9 милиони и 226 илјади денари.

Средствата за реализација на овој проект ќе се обезбедат во целост од Буџетот на општината, а ќе бидат рефундирани по одобрување на проектот и прифатливите трошоци од страна на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП