Thursday, August 13, 2015

РИСТО ПРЧОТ: МАЈМУНОТ ПИЈАНИЦА, ПОСЛЕ СПАСЕ БИЛ КРИВ !!!

А бе ај, цела прикаска направија, три дена се лафе кавдарчани мајмун украдиле. Е така човеците ни криви ни дужни ги накапаа, они културно карта си платиле и си влегле у зоолошката коа вака баш пред мајмуните на човекот пиво му се препило, го измукнал пивото од ранецот и воа мајмунчето коа го видело зграјосало. Ни татки ни ватки, се маало по тоа мреажта, пискало, крикало и виа човекот му дал да се напие. Кај му дал кај се запустил, си а зел белта. Воа мајмунчето шишто никако да го пуште. Се тегнеле така некое време и виа му го оставил пивото нека си ебе мајката. Бркнал у ранецот и извадил друго пивце. Си го исцоцал и си заминале. Си дошле со екипата за Кавадарци и да провере у ранецот да не има уште едно пивце да го ставе у фриждерот да се поизладе коа вака од умот се извадил коа го видел мајмунот уф ранецот. И ете џамборавица, полиција, весници, телевизии и кој после Спасе од Ват'ша бил крив. Да ти ебам мајмунот и зоолошка и се на тилот му испадна.
Бе ја денеска да видам шо мајмуна е тоа, ногу се искоси пошто знам Спасе не е таков, си пиуцка пивце ама не е арамија, му потфаќаше до душа раката по бавчите навечер ама тоа колку за мезе, со по една до две ж'ти. Ама мајмун да украде, тоа не шо не е верно туку ни у прикаските го нема.
Се намисли ја и замина ви викам и еве шо сними со телефонот да не ви кажуам че мислите ве лажам, виите и сами каиште кој е крив.




Напишано од Ристо Крстев - Прчот од Страгово

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП