Thursday, August 13, 2015

ОБНОВУВАЊЕ НА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА

Согласно програмата за комунално уредување во 2015 година, општината Кавадарци започна со активности за обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација по градските улици и лоалните патни правци.

Општината ги информира учесниците во сообраќајот и граѓаните дека процесот на озебрување ќе се одвива во ноќните часови, почнувајќи од 22:00 ч. до 04:00 часот. Ова го налага технологијата на работа, која бара температурата на асвалтната подолога при нанесувањето на бојата да не биде повисока од 250С,како и поради намалената фреkфенција во сообраќајот.

Општината апелира до граѓаните и учесниците во сообраќајот стриктно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи додека трае времениот режим на сообраќа во деновите кога се одвиваат работите на озебрувањето.

Особено да се внимава во наведениот термин да не се паркираат автомобилите во близина и на самите раскрсници и пешачки премини, како не би поречувале на изведувачот.

Работите на озебрувањето ќе се одвиваат согласно програмата на Секторот за комунални работи, а се очекува да завршат најдоцна до 25.08.2015 година.

Озебрувањето започна на Булеварот„ Никола Минчев“ поранешен „Едвард Кардеаљ“. Потоа продолжуваат по улиците: „Илинденска“, бул „Моша Пијаде“ ул „Гоце Делчев“, ул „7 Септември“, ул„ Мито Хаџи-Василев Јасмин“, ул „ Пионерска“, ул „ Браќа Џунови“, ул „ Шишка“ како и локалните патни правци од Кавадарци кон Страгово, Ресава-Бегниште, и Марена-Сопот.

Покрај озебрувањето ќе биде извршено и обновување на хоризонталната сигнализација на сите такси и автобуски стојалишта, на жолтите линии за бочно паркирање. Ќе се обноват и натписите пред сите основни и средни училишта, како и паркин местата наменети за лица со инвалидитет.

Изведувач на работите е специјализираната фирма „Виа Сиугнал“ од Скопје, а за оваа намена Општината ќе потроши вкупно 750.000 денари за набавка на бја за обележување, како и за работната рака.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП