• Дали сте задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци?

    Ова истражување има за цел да се процени какво е мислењето на граѓаните и колку се задоволни од работата на локалната самоуправа во Кавадарци.

  • МАКЕДОНСКО-БУГАРСКО ПРИЈАТЕЛСТВО: ИСКРЕНА ЦЕЛ ИЛИ БУГАРСКИ ТРОЈАНСКИ КОЊ ?!?“

    Во последно време, сведоци сме на отварање на некакви МБП (Македонско-Бугарско Пријателство) ограноци низ Македонија. Деновиве, се отвори огранок и во Кавадарци, па логично е...

  • ПОВИК ОД ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ШТЕТИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

    Општина Кавадарци денеска ги повика земјоделците да пријават штети врз земјоделкските култури направени како резултат на ниските температури во...

  • КАВАДАРЧАНЕЦ ФАТЕН ОД ПОЛИЦИЈАТА ПРЕД ДА ГО ПРОДАДЕ ХЕРОИНОТ

    Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство ...

Monday, August 31, 2015

ФОТО: СТАРИТЕ ДОБРИ КАВАДАРЕЧКИ ПИЈАЛОЦИ

Фотографија од старите добри кавадаречки пијалоци кои беа вистинско освежување за кавадарчани. Посебно пијалокот ТИ-КА кој важеше за незаменлив кавадаречки пијалок.

РЕКОРДНА КОНСУМАЦИЈА НА ВИНО

Над 12 илјади шишиња вино се испија за време на годинешнава традиционална стопанско турустичка и културна манифестација "Тиквешки гроздобер" но тоа не е се, се пресметуваат количините вино кои се испија во наливна состојба, вели организаторот. Според него, над 12 илјади посетители само во саботата го посетиле градот на грозјето и виното а сите три дена од манифестацијата, многу повеќе.

ПОЖАР ВО СЕЛО СОПОТ

Пожар зафати ладилник во кавадаречко Сопот, како што дознаваме во моментов на терен се пожарникари од територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две противпожарни возила но на помош биле викнати и нивни колеги пожарникари од Неготино. Засега не може да се добијат повеќе информации за пожарот.


М.Д.

СТАБИЛЕН ЈАВЕН РЕД И МИР ЗА ВРЕМЕ НА “ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2015”

Стабилен јавен ред и мир имаше Кавадарци и околината за време на тридневната стопанско туристичка и културна манифестација “Тиквешки гроздобер 2015”, информацијата денеска ја потврдува Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
-За време на одржување на културната манифестација „Тиквешки Гроздобер 2015” , во полициската станица од општа надлежност Кавадарци нема регистрирано безбедносен настан кој е поврзан со одржување на манифестацијата. За време на одржувањето на културната манифестација, полициските службеници за цело време беа присутни на терен и работеа на одржување на стабилната безбедносна состојба, што резултираше со стабилен јавен ред и мир и безбедно одвивање на сообраќајот, вели Стојковска.

Пишува: Марјан Димитров

НАВИВАЧКАТА ГРУПА ЛОЗАРИ СО ПРОТЕСТНА НОТА ЗА ВРЕМЕ НА ГЛАВНАТА ВЕЧЕР ОД ГРОЗДОБЕРОТ

Навивачката група ЛОЗАРИ со протестна нота за време на главната вечер од Гроздоберот. Со ова, тие го искажуваат незадоволството од состојбата на градскиот стадион во Кавадарци и од градските власти бараат негово реновирање.




ДЕТСКИ КАРНЕВАЛ-ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2015

Покрај тиквешкиот вински карневал, големо внимание привлече и детскиот карневал, на кој продефилираа стотина дечиња од основните училишта и градинки од Кавадарци. Преправени во своите омилени јунаци од цртаните филмови, фудбалски херои, но и со неколку креативни групни маски во кои голем удел имаат и нивните наставнички и наставници, малите дечиња им мафтаа на своите родители кои годинава го почитуваа редот на карневалот и од пристојна далечина ги сликаа своите најмили.




Пишува: Марјан Димитров
Фото: Б. Минчев

ВИНСКИ КАРНЕВАЛ-ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2015

Повеке илјади граѓани на Општина Кавадарци и гости од Македонија и надвор од неа синоќа на улиците во центарот на градот а пред се на Градскиот плоштад,ја следеа централната манифестација на годинашниот Тиквешки гроздобер, Винскиот карневал.
Карневалите кои овој викенд се оддржуваа ширум Балканот го редуцираа бројот на поставки, па така наместо најавените дваесетина поставки, тиквешкиот вински карневал го одбележаа 13 групни маски, кои сепак го привлкоа вниманието на голем број кавадарчани и нивни гости.
Не беа присутни џаламарите и маските од Бегниште, Ресава и Сопот, но имаше од Грција, Бугарија ,Србија и од неколку градови од Македонија (Струмица,Прилеп) и секако од Кавадарци.
По долги години, годинава карневалот наместо градскиот оркестар и знамињата на градот и државата, карневалот го предводеше музичкиот трактор, кој го најавуваше доаѓањето на винскиот крал и кралица, Кристијан Ивановски и Елена Радулова. Веднаш зад нив беа поставени чуварите на доброто од злото, маска на СОЗШУ „Ѓорче Петров“, за потоа да следат поставките Дами и принцези и секогаш атрактивните девојки од балетското студио „Венус“.
Прекрасните фустани и играта на девојките од поставка „Како Ана Траје“ од Лесковац заедно со уличните забавувачи беа дел од најголемата атракција на фестивалот, иако помал не беше и интересот за поставките од средното училиште „Никола Карев“ и основното училиште „Герас Цунев“ од Струмица. Како и минатите години и годинава на карневалот ги видовме сурвакарите од Перник, Република Бугарија и Мечкарите од Воден, а карневалот го затворија поставките на Синалко, Кожувчанка и прилепчаните кои ја раскажаа приказната за „Рамиз и Фатма“.
Претседателот на Интернационалната асоцијација на карневалски градови Александар Цицимов изрази желба карневалот да се врати на стариот термин.
Следуваше впечатлив огномет, кој секогаш во сите нас буди скриени воздишки !...Кој знае зошто...Или пак знаеме !
Потоа присутните со чаша вино произведено од винариите кои имаа свои штандови на Плоштадот, следеа два одлични концерти: настапите на групата „Црвена Јабука„ и Оливер Драгоевиќ.
М.Д.









Sunday, August 30, 2015

ПРИЕМ НА ГОСТИ НА ВИНСКИОТ КАРНЕВАЛ И ТИКВЕШКИОТ ГРОЗДОБЕР

Градоначалникот Александар Панов го приреди традиционачлниот прием на гости на Тиквешкиот гроздобер и Винскиот карневал.Со претседателката на Советот Горица Пеливанова Вилхелм тие им посакаа пријатен престој на сите присутни гости на Општината, на делегации на Локалните самоуправи ,Амбасади, и Конзуларни преставништва, раководители на фирми, стопански субјекти, винарии,и учесници на карневалот.А на лозарите пак им посакаа успешна берба и откуп и добра цена, а на винарите да произведат убаво вино со кое Тиквешијата е прочуена насекаде во светот.Годината е добра за лозјата, па и се очекува квалитетно вино, нагласи Панов.
Претседателката на Советот-Пеливанова Вилхелм, на гостите им посака многу здравје,убави впечатоци од престојот во Кавадарци на сите гости на Кавадарци, кои ке ги носат во местатата од каде допатувале.
Кон честитките за убава вечер и содржаен карневал се придружи и претседателот на Интернационалната асоцијација на карневалски градови -Александар Цицимов кој изрази желба карневалот да се врати на стариот датум .
Инаку наместо пријавените 20,имаме информација од еден од организаторите Зоран Станоев-Дејзи, дека на вечерашниот вински карневакл ке учествуваат -15 сетина поставки.






Пишува: Марјан Димитров

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „ЗАМОЦИ, ДВОРЦИ И СПОМЕНИЦИТЕ НА УНЕСКО“ ВО РЕПУБЛИКА ЧЕШКА

Изложбата која беше поместена во централниот хол на зградата на Општина Кавадарци ја отворијата градоначалникот Александар Панов и зам.амбасадорот на Р.Чешка во Македонија заменик-амбасадорот на Република Чешка во Р.Македонија Ј. Брож кој подетално зборуваше за изложбата .

Се работи за впечатлива-ретка изложба на фотографии на стари замоци и дворци во ова држава - членка на ЕУ кои се заштитетени со закон и се всушност споменици на Унеско.



Пишува: Марјан Димитров

Saturday, August 29, 2015

ТИКВЕШКИТЕ ТОЧAКЏИИ СЕ ВКЛУЧИЈА ВО ТИКВЕШКИОТ ГРОЗДОБЕР

Педесетина велосипедисти, членови на групата на рекреативни велосипедисти „Тиквешки точкаџии“, со рекреативна и ревијална велосипедска трка се вклучија во одбележувањето на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.

Стартот и беше пред црквата „Света Петка“ во новиот центар на градот. Тиквешките точкаџии продефилираа низ централното градско подрачје за потоа да се упатат кон поставените дестинации, Моклиште започетниците и Витачево - село Бунарче - Моклиште за понапредните велосипедисти.

Покрај со ревијалната трка, „Тиквешките точкаџии“ ќе бидат дел и од карневалското дефиле кое е закажано за вечерва со почеток од 19 часот.





Пишува: Марјан Димитров
Фото: kavadar4e.com

КРИСТИЈАН ИВАНОВСКИ И ЕЛЕНА РАДУЛОВА ВИНСКИ КРАЛ И КРАЛИЦА

Тие ќе ја предводат гроздоберската карневалска поставка, откако синоќа во преполната тераса на хотелот Уни Палас 2 заслужено го добија признанието за вински крал и кралица.
На Ивановски и Радулова во поставката ќе им се приклучат и останатите девојки кои беа дел од синоќашниот избор.
Покрај насловите за вински крал и кралица, на Ивановски и Радулова кои во наредните 365 денови ќе бидат синоним за кавадаречката убавина им беа врачени и пригодни подароци од генералниот спонзор на изборот, компанијата Тим Компјутери, винаријата „Тиквеш“, Инел Интернационал, фитнес центарот „Екстрим Џим“ и ресторан „Белисимо“, објавува порталот Каvadar4e.com








ОД СЕПТЕМВРИ НОВИ 500 РАБОТНИ МЕСТА ЗА ВКУПНО 5000 ВРАБОТУВАЊА ВО ДРЕКСЕЛМАЕР

Нови 500 вработувања во Дрекселмаер од септември. Фабриката во Кавадарци е најголем работодавач во земјава, а општината една од тие со најниска стапка на невработеност во државата. Германската компанија ангажира работници и од околните општини.

„Кавадарци е општина во која имаме многу вработувања, пред се во „Дрекслермаер“ каде бројката на вработени надмина 5.000 лица, а со последната најава дека во септември ќе има уште 500 вработувања ќе се приближиме до околу 6.000 работни места што е извонредно голем број на вработувања. Таму работат лица и од околните општини Неготино, Прилеп и други...“, вели вицепремиерот Зоран Ставрески.

Во Кавадарци реализирани се и стотина вработувања преку Македонија вработува. Овој проект ги надмина очекувањата на Владата. Досега преку него работа најдоа над 5000 лица. Најголем дел од нововработените се од категоријата млади до 35 години. Над 3300 фирми отвориле нови работни места, а нивните заштеди ќе изнеусваат најмалку 2000 евра годинишно.

Приоритет на Владата останува отворањето нови работни места. Освен Макеоднија вработува и новите инвестиции ја намалуваат невработеноста. Во зоните до крајот на годината ќе работат околу 5000 работници, а на патиштата во кои инвестира државата летово се ангажирани околу 4000 луѓе, или најмногу досега.

И статистиката констатира дека невработеноста се намалува и во моментов е на најниско ниво од 27,3%.


Friday, August 28, 2015

ЛОЗАРИ ИСТОК КАВАДАРЦИ: ЗА ТИКВЕШ, ЗА СТАДИОН, ЗА СПОРТ !

Навивачката група ЛОЗАРИ, најавува мирен протест, со цел да го искажат своето незадоволство кон немањето слух на надлежните за катастрофалната состојба на спортот во Кавадарци.

"Насобраното незадоволство од состојбите околу фудбалот, стадионот и воопшто со спортот во Кавадарци да го искажеме на мирен протест. Да кажиме гласно ДОСТА Е, сакаме спорт, сакаме стадион во Кавадарци. Да им покажиме црвен картон на сите што треба да го организираат спортот во градот, а тоа не го работат последниве години. Дојди и ти со Лозари на мирен протест: За Тиквеш, за стадион, за спорт !" - порачува навивачката група ЛОЗАРИ ИСТОК КАВАДАРЦИ, а воедно и низ фотографии ги прашуваат надлежните ДАЛИ КАВАДАРЦИ ГО ЗА ЗАСЛУЖУВА ОВА ?!?










ЗАПОЧНА ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2015

Со свеченото отворање на изложбата „Скулптурата во Кавадарци“ чии автори се уметници од Кавадарци, денеска и официјално започна годинашното издание на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.
Изложбата, но и манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ за отворена ја прогласи претседателот на Советот на општина Кавадарци: Горица Пеливанова - Вилхелм. „Почитувани сограѓани, чест и задоволство ми е во име на Советот и градоначалникот на Општина Кавадарци да ја прогласам изложбата за отворена, а со тоа и манифестацијата „Тиквешки гроздобер“,рече таа.
На изложбата „Скулптурата во Кавадарци“ која е поставена во градската Музеј галерија, се изложени 22 дела на 12 склуптори од Кавадарци, Пано Анѓушев, Мино Стојанов, Кирил Мукаетов, Диме Самарџиев, Гоце Давидов, Ранко Дакиќ, Елпида Хаџи-Василева, Соња Самарџиева, Иван Ковацалиев и Јован, Гоце, Ристе и Иго Јосифови.
Денеска утре се одржуваат бројни манифестации.На Градскиот плоштад, на улиците ,,М.Хв.јасмин,, „7-ми Септември,, на неколку локации;кафеани, Хотели, паркови -низ целиот град ,се чувствува Гроздоберот без разлика на промената на датумот за една недела.
Според најавената Програма денеска-петок... попладне ќе се дегустираат вина од тиквешки винарии а ке се одржи и презентација и дегустација на повеќе сорти на грозје, а петочната програма продолжува со кошаркарскиот турнир „Сестри Китеви“. Забавата на градскиот плоштад ќе започне со убавата песна на легендарниот Никола Бадев во чија чест ќе биде посветена „вечерта на виното и песната“, по што ќе следи настап на Христијан Тодоровски, Ареа и Ди џеј Саф, а на полноќ во хотелот „Уни Палас 2“ ќе се избираат вински крал и кралица.
Во сабота гроздоберската програма започнува со изложба на олдтајмери и турнир во табла. По изложбата на фотографии „Замоци, Дворци и спомениците на УНЕСКО“ во Република Чешка ќе започнат централните активности од годинашниот гроздобер,:Винскиот карневал и концертите на „Црвена Јабука“ и „Оливер Драгоевиќ“.
Првиот дел од програмата во недела на 30 август е наменета за најмладите. На градскиот плоштад ќе има улични забавувачи, детска музичка програма, а на пладне ќе започне детскиот карневал. Попладне ќе се избираат најдобри вина, а од 21 часот е планиран настапот на Наташа Малинкова, Суперхикс и U2 трибјут бенд.






Пишува: Марјан Димитров
Фото: www.kavadar4e.com

22 ДЕЦА ОД ВОЗАРЦИ И ШИВЕЦ НА ЕКО КАМП НА ПЕЛИСТЕР

Утринава на Летен камп на Пелистер заминаа 22 деца од селата Возарци и Шивец.Се работи за 6-тиот по ред Еко Камп кој го организира Еколошкото друштво ,,Тисовец“ од Возарци, а трошоците за најмладите возарчани ги сносат Компанијата „ Фени-Индустри“ и Единицата на Локална самоуправа Кавадарци.
Предвидено е на кампот да се одржат креативни работилници,чија основна цел е децата да научат да ја заштитат и чуваат животната средина, како да се однесуваат во природа и други активности.
Еко кампот на Пелистер ке трае седум дена.



Пишува: Марјан Димитров


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП