Фени Индустри славеше со 87:72 на гостувањето против Кожув во дуелот од 22. коло на Првата кошаркарска лига.
По израмнетата прва четвртина, гостите од Кавадарци доминираа во наредните две четвртини и создадоа недостижна разлика и ја забележаа третата победа во серија. Владимир Ивеља беше најефикасен кај Фени со 17 поени, следен од Карло Враговиќ со 15 и Бобан Стајиќ со 13.
Во првиот меч од колото, МЗТ Скопје го совлада Бест со 89:51.
Утре играат: Струмица-Карпош Соколи и Куманово-Работнички.
0 comments:
Post a Comment