Tuesday, March 15, 2016

ИЗБИСТРЕНА ВОДАТА ОД „ЛУКАР“, НО ОСТАНУВА ПРЕПОРАКАТА ЗА ПРЕВРИВАЊЕ



Избистрена е водата за пиење од регионалниот водовод „Лукар“ од кој со вода се снабдуваат жителите од Кавадарци, Неготино и Росоман, а која деновиве беше заматена поради обилните дождови и мораше да се преврива.

- Сега водата нема заматување како претходно. Има присуство на резидуален хлор во нормална вредност во неа кој е показател и ни дава сигурност дека нејзината дезинфекција и хлорирањето се завршени до крај. Оттаму, веруваме дека е таа микробиолошки исправна за пиење. Сепак, очекуваме тоа да го потврдат и резултатите кои ќе ги добиеме утре од мострите земени во текот на вчерашниот ден, информираше денеска раководителот на Центарот за јавно здравје од Кавадарци д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена.

Тој нагласи дека препораката за превривање на водата пред употреба за пиење останува во сила и денеска.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП