Полицијата поднесе кривична пријава против Б.П. (22) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела фалсификување пари и фалсификување пари во обид.
Пријавениот на 13 февруари во бутик и во колонијална продавница во Кавадарци пуштил во оптек две фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра, а на 20 февруари во колонијална продавница во Кавадарци се обидел да пушти во оптек фалсификувана банкнота во апоени од 100 евра.
0 comments:
Post a Comment