Вашето срце може да ја превиди иднината, очите ја откриваат состојбата на организмот, додека сетилото за слух и мирис може да ве врати во минатото.
Дали сте знаеле дека вашето тело може да ја предвиди иднината, да ви го спаси животот и да ве врати во минатото. Ако не верувате, прочитајте го текстов и уверете се во овие факти за тоа што може телото да го направи.
1. Ваште болни зглобови можат да го предвидат времето
Приказните за болните зглобови не се само приказни. Пред доаѓањето на олујата паѓа воздушниот притисок. Живците во зглобовите регистрираат релативен висок пораст на притисокот на течности во зглобовите кои доведуваат до чувство на болка. Можеби зглобовите многу ќе ве болат, но барем ќе знаете дека треба да си земете чадор.
2. Очите откриваат кога телото ви е преладено
Сите се тресат кога им е ладно, но ако сакате да знаете кога некој е сериозно настинат, погледнете му во очи. Кај јаката хипотермија, крвните садови се стиснуваат поради заштеда на енергијата. Тоа доведува до привремено намалување на видното поле.
3. Вашето срце може да ја предвиди иднината
Истражувачите од еден Универзитет направиле интересно истражување. Тие им покажувале на испитаниците различни фотографии и ги проучувале нивните реакции. Некои фотографии биле емоционално неутрални, додека другите биле страшни и предизвикале соодветна реакција. Научниците утврдиле дека работата на срцето се забрзува 10 секунди пред да им се покаже вознемирувачката фотографија. Срцето на некој начин предвидело што ќе се случи. Слушајте го вашето срце!
4. Вагината мое да стане возбудена пред мозокот
Истражување спроведено во Холандија, покажало дека вагината станува навлажнета и подготвена за полов однос многу време пред жената да стане свесна дека е возбудена. Тоа е во спротивност со тврдењата дека мажите се повеќе визуелни типови отколку жените.
5. Зениците откриваат кога сте заљубени
Кога некој ве привлекува, вашите зеници се шират, тврдат научниците. Но, тоа не се случува само ако сте заљубени, туку и кога нешто ве прави среќни. Затоа зениците се шират и кога го гледате заоѓаето на сонцето или некој преубав пејсаж.
6. Мирисот може да ве врати во минатото
Областа околу мозокот е задолжена за чувството на мирис, се наоѓа внатре во подрачјето задолжено за емоции. Мирисот, сеќавањата и емоциите се толку испреплетени што тоа може да ве потсети на нешто што се случило во минатото, може да ви предизвика солзи на очите.
7. Очите го предвидуваат доаѓањето на пролетта
Иако времето може да биде облачно, ладно и дождовито, алергии поради кои ве чешаат очите и солзат, се најава дека доаѓа пролет. Бројот на честичките на полен расте пред промена на времето. Оние кои имаат алергии тоа добро го знаат.
8. Системот за варење може да ви даде натчовечки способности
Да, мајката навистина може да подигне автомобил ако нејзиното дете е заробено под него. Кога мозокот е во состојба на возбуденост, се лачиадреналин, се зголемува откуцувањето на срцето, брзо се дише и најважно се гаси системот за варење, за да им се овозможи на мускулите да се стиснат повеќе од претходно.
9. Мигрените можат да предвидат екстремна промена на времето
Луѓето кои имаат мигрена се чувствителни на промена на температурата, на многу топло и многу ладно време. Таквите промени создаваат хемиски дисбаланс во мозокот кои предизвикуваат мигрена. Затоа се препорачува на сите кои имаат мигрена да се обидат да останат во затворени простории кога температурите се екстремно ниски или високи.
0 comments:
Post a Comment