Кавадарчанецот Златко Вузевски - Паја, ќе ја промовира својата втора збирка вицови на кавадаречки дијалект под наслов “Лакардиите на Паја“.
Промоцијата е веќе закажана, а датумот е 1 април 2016 година. Каде, во колку часот, со кого, како, ќе дознаете за време на викендот кој следува...
Инаку, Златко Вузевски - Паја е познат со децении на кавадаречата урбана сцена, позитивец и еден од последните вистински урбани ликови Кавадарци. Соработник на кавадаречки рок музичари и бендови, долги години музички ги креираше вечерите во најпознатите кавадаречки клубови, а денес на Facebook ја има најпопуларната група во Македонија посветена на хуморот - “Глупости 100% - Паја“, која брои над 30 илјади членови.
0 comments:
Post a Comment