Садници од украсни дрвца беа посадени денеска од стрна на учениците од неколку училишта во Кавадарци, по повод доаѓањето на пролетта. Настанот беше во организација на регионалното еколошко друштво „Еко живот” од овој град.
- Со учениците од училиштата со кои традиционално соработуваме во изминатите неколку години, континуирано засадуваме нови дрвца во училиштата и голините наоколу. Целта е да се подигне јавната свест за значењето на екологијата во животот на секој човек, рече во изјава за медиумите Роберто Паризов, претседател на еколошката организација, која е членка на Движењето на екологистите на Македонија.
Стефка Саздовска, наставник во Основното општинско училиште „Страшо Пинџур” од Кавадарци и координатор за екологија, нагласи дека учениците веќе знаат дека чистата животна средина е еден од важните услови за здрав живот.
0 comments:
Post a Comment