Thursday, March 17, 2016

ВО КАВАДАРЦИ ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО


По повод 17 Март - Денот на крводарителството во Република Македонија, Општина Кавадарци и Општинската организација на Црвен крст од Кавадарци организираа прием за крводарителите.



На приемот беа поделени признанија за најдобрите крводарители. Плакети добија крводарителите кои дарувале 25, 50, 75, 100 и повеќе пати крв.

Исто така се доделија и награди за крводарители кои дарувале крв 4 пати во една календарска година. За сите овие крводарители Градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци им доделија по едно шише (матарка), полно со жолта ракија, со знамето на Општина Кавадарци и знамето на “Црвениот Крст”, а за најуспешните 8 крводарители за 50, 75 и 100 пати дарувана крв, им беа доделени и рачни часовници.


Доделени беа и признанија за организации и компании, кои го помогнале Црвениот Крст во изминатиот период.

Скромно и достоинствено, иако овие крводарители можеби заслужуваат и многу повеќе.

Честитки за наградените и нека е среќен 17-ти март денот на крводарителите и Црвениот крст на Република Македонија.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП