Wednesday, March 16, 2016

УПРАВИТЕЛ НА ФИРМА ЈА ОШТЕТИЛ ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЗА 5,7 МИЛИОНИ ДЕНАРИ


Кавадаречката полиција поднесе кривична пријава против М.В. (46) од Скопје, управител на ДУТП „Велком Трејд" ДООЕЛ Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.




Во периодот од 2012 до 2015 година, пријавениот во својство на управител на ДУТП „Велком Трејд“ ДООЕЛ Кавадарци, паричните средства што фирмата ги прибирала по основ на наплата на комунална такса при регистрација на моторни возила, согласно законот за комунални такси, ги книжел во својата книговодствена евиденција но не ги уплаќал на општина Кавдарци.

На тој начин пријавениот го оштетил буџетот на општина Кавадарци за износ од 5.770.478 денари.

Извор: MKD.mk

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП