Friday, March 18, 2016

ЗАПОЧНА ТРЕТИОТ ЗЕМЈОДЕЛСКИ САЕМ „ВИНОТЕК – КАВАДАРЦИ 2016“


Во Кавадарци денеска започна третиот земјоделски саем „Винотек – Кавадарци 2016“, во организација на Здружението на граѓани „Винотек”, кое работи на развојот на винска култура, вински туризам и производи од грозје, пренесува МИА.



– На едно место се собрани производители и дистрибутери на земјоделска механизација, системи за наводнување, ѓубрива, пестициди, амбалажа и најразлични други видови на опрема и алатки. Целта е дополнителна едукација на нашите земјоделци, но и можност да се запознаат со одредени производи и евентуално да купат тоа што им е неопходно во земјоделството, рече Панче Арсовски, директор на саемот.

Претседателот на здружението и организатор, Јован Еленов, информираше дека во рамките на саемската манифестација, ќе има и две стручни предавања.

Професорот Михаил Петков ќе говори на тема „Влијание на дрвото при правење и чување на виното“, а на второто предавање ќе стане збор за „Исхрана на пчелите со додаток на протени и видеопродукции за современо пчеларство“.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП