Monday, February 8, 2016

ТЕШКО ПОВРЕДЕН КАВАДАРЧАНЕЦ ОТКАКО СО „ГОЛФ“ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ


Триесетгодишен кавадарчанец е тешко повреден откако со своето возило излетал од патот.



Инцидентот се случил во недела попладне околу 15.40 часот на патот Кавадарци - Мотел Дреново, кога Ѓ.К. (30) од Кавадарци, управувајќи автомобил „фолксваген голф“ со кавадаречки регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата Ѓ.К. се здобил со тешки телесни повреди , а поради сериозноста на повредите од ЈЗУО Кавадарци е пренесен во КЦ-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Кавадарци.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП