Розалија Димоска беше избрана за највешта кавадарчанка на манифестацијата „Вешта жена”, која годинава се одржа по 21 пат во Кавадарци. Како што информираше денеска координаторот на настанот Љубица Минова, Димоска доби и благодарница за општ впечаток на масата и пехар за тригодишно учество во ова натпреварување.
- Теодора Маџункова доби благодарница за главно јадење, а Лилјана Вучкова за декорација на главно јадење. Дитка Чавлевска доби благодарница за декорација на десерт и пехар за тригодишно натпреварување на манифестацијата, соопшти Минова, која вчера им ги додели дипломите и наградите.
Минова, прв победник на традиционалната манифестација за Кавадарци, која инаку се одржува во цела Македонија, кажа дека најдобрите вешти жени на општинските натпревари, подоцна се натпреваруваат во кулинарски вештини на државниот натпревар кој се одржува во мај во Тетово.

0 comments:
Post a Comment