- Ако е по нешто препознатлива Тиквешијата, односно Кавадарци како центар на тиквешкиот виногорски регион, тоа е бездруго лозарството, кое на овие простори се одгледувало уште во античкиот период. За тоа сведочат многубројните артефакти како антички стели, релјефи, мозаици, по античките локалитети во Тиквешијата, рече авторот на изложбата, историчарот Петре Камчевски.
Бројни претстави изработени во камен, мермер и теракота со претстави на грозје и винова лоза, денес се наоѓаат во музеите во Кавадарци и Неготино.
Но уште поголем е бројот на тие што од овој крај се однесени и денес ги красат витрините на музеите во Белград, Софија, Берлин и други места.
На изложбата во организација на музејот и општината Кавадарци, во Музејот на вкусот и мирисот можат да се погледнат стотина фотографии.

0 comments:
Post a Comment