Monday, February 15, 2016

ПОБЕДА ГО ОСВОИ МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР „ВУКО КАРОВ“


 

Прилепска Победа тримфираше на 18. Меморијален фудбалски турнир „Вуко Каров“ кој се одржа во Кавадарци.

На турнирот, кој се играше по италијански систем – секој од тимовите учесници на дуел со секого по едно полувреме, Победа го освои турнирот со две победи и без примен гол.

Најпрво Победа славеше против второлигашот Љубанци со 1-0, со погодокот на Здравески во 24. минута, а во решавачкиот натпревар за првото место убедливо го совлада домаќинот Тиквеш со 3-0, со головите на Карчеси во 15. минута, Дунимаглоски во 24. минута и Ивановски во 35. минута.

На отварањето на турнирот, изненадувачки Тиквеш го совлада Љубанци со 1-0, со погодокот на Чеков. За најдобар играч на турнирот беше прогласен стоперот на Победа, Валентин Колевски.



Последната контрола пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Втората лига, Победа ќе ја има на 20. февруари против кичевски Влазерими во Прилеп.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП