Thursday, February 11, 2016

ВВ ТИКВЕШ & ДУКЕ БОЈАЏИЕВ – СПОЈ НА ВРВНИ МАКЕДОНСКИ ВРЕДНОСТИ



Пред претстојниот концерт на македонскиот композитор, пијанист и продуцент Дуке Бојаџиев, винарската визба, „Тиквеш“ му посака добредојде на Бојаџиев со специјален подарок - бело вино „Барово“, берба 2014 и црвено „Барово“, берба 2012 со специјална персонализирана етикета. 

Винарската визба „Тиквеш“ и големиот уметнички концерт „Дуке и пријателите“, што ќе се одржи на 20-ти февруари во „Метрополис“ арената во Скопје, е природен спој на врвни македонски вредности, кои покажуваат дека квалитетниот и уникатен производ успешно го пронаоѓа своето место на интернационалните пазари. 

Вината на „Тиквеш“, како и музичкото творештво на Бојаџиев, веќе се етаблирани и признати во винскиот свет. 

Бојаџиев работи и твори во светската културна метропола Њујорк, каде последниве години во елитните ресторани се застапени и врвните вина на „Тиквеш“, по високите оценки на винскиот критичар Роберт Паркер, што е прсудно за пласман на висококонкурентниот американски пазар.

Извор: emagazin.mk

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП