Околу 500 лица заболени со сезонски грип се евидентирани во Центарот за јавно здравје во Кавадарци, соопшти денеска доктор Ристе Јовановски, епидемиолог.
- Само за една седмица имаме нови 187 случаи на грипозни или засега вкупно 477 оваа сезона. Најчесто заболуваат лица на возраст од 15 до 64 години, а веднаш по нив се децата и учениците од 5 до 14-годишна возраст. Во истиот период минатата година имавме регистрирано 136 лица заболени од сезонски грип, информираше Јовановски.
Тој нагласи дека активноста на вирусот континуирано се зголемува, а се очекува и понатамошен пораст на бројот на грипозни наредните седмици.
Јовановски информира дека сезонава во Центарот за јавно здравје Кавадарци против грип биле вакцинирани 794 лица од Кавадарци и Росоман.
0 comments:
Post a Comment