Прекрасен настан, ретко виден, спонтан, близок до гледачот, а истовремено топол-човечки. Ваков беше нашиот впечаток по следењето на настанот, што ретко ни се случува барем за авторот на овие редови. Иако не беше нешто кое е цело време возбудливо, трилер или смеа, сепак беше доволно занимливо да се проследи.
Настапија повеке од 20 поети кои читаа одлична поезија, своја инспирирана од денешното но и минатото време. Одлични литературни креации на гостиварските љубители на поезијата, како и на кавадаречките таленти на пишаниот збор: Дуле, Вероника, Надица, Тодорка, Милка, Марјан, Цветанка и другите. Настапот на младите поети од СОУ„Ѓорче Петров“, кои успејаа да и измамат аплаузи на публиката која дојде да ги гледа и слуша. Браво за поетите.
Истовремено на сцената можевме да го видиме нашиот млад и перспективен сликар Трајче Јованов, и неговиот колега од Гостивар кои на отворена сцена направија две одлични ликовни креации. За кратко време прекрасно изработени слики, особено на Јованов, кој само ја потврдува својата уметничка и сеуште неискажана бујна фантазија.
Покрај поезијата и ликовната уметноист беше преставена и изработката на народни носии од гостиварскиот крај, а познатиот композитор и исполнител на кларинет Ристо Краповски придружуваше или исполни песна за мајката а на кларинет придружуваше поетски и музични настапи.
Публиката вечерва имаше можност да погледа и слуша и музички точки на гостиварски и кавадаречки таленти. Беше изведен и исечок од актуелната престава „Женидба“ на кавадаречкиот театар. Дирекорите на двете институции од културата Љуан Зенки од Гостивар и Владимир Темков од Кавадарци, потврдија дека мостот кој е воспоставен меѓу Гостивар и Кавадарци треба да биде пример како треба да се соработува и притоа да се шири убавината на културата и уметноста меѓу нашите граѓани.
Инаку да потсетиме станува збор за заеднички перформанс на познати поети, актери, ликовни уметници, музичари и фотографи од Кавадарци и Гостивар, кои со свој авторски и креативен настап ќе се претстават на сцената во кавадаречкиот Дом на култура.
Ова е второ претставување и прием на овој перформанс по одличната изведба во Гостивар на 19 септември и претставува возобновување на соработката меѓу Кавадарци и Гостивар на културно и уметничко поле.
Пишува: Марјан Димитров
0 comments:
Post a Comment