Thursday, October 15, 2015

ОВА НЕ Е НИКАКВО КРПЕЊЕ НА ДУПКИ, ОВА ТИ Е ПЛУКАЊЕ ВО ЛИЦЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Стоиме со еден постар комшија и ја гледаме фирмата која го добила тендерот за крпење на локалните дупки како ги извршува своите работи, кои што треба да бидат платени од мене, од комшијата, од сите граѓани на Кавадарци. 


Мојот комшија во поодминати години, човек кој го фатил времето на југословенскиот комунизам и толку познатата и посакувана Југославија, човек кој денес го живее овој комунистичко-квази-капитализам, од дното на душата, со тешка воздишка, изговори неколку реченици: Добро, што мислат? Дека сме ненормални, дека сме будали! Претераа! За што плаќам данок целиот мој живот?! Наместо да ја покријат целата улица со нова асфалтна маса, тие саде крпат дупки. А ова ли е крпење на дупки? Ова не е никакво крпење на дупки! Ова ти е плукање во лице на граѓаните, јас така го разбирам ова.
Тука заврши овој разговор.



Фејсбук статус на Сашко Петров, советник во Совет на Општина Кавадарци од СДСМ.


0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП