Saturday, October 3, 2015

МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД: УЧЕНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ ВО „СТРАШО ПИНЏУР“ – С. ДРЕНОВО АКТИВНО СЕ ВКЛУЧИЈА СО НИЗА АКТИВНОСТИ


Во рамките на проектот „Македонија без отпад“ и оваа учебна 2015/2016 година учениците и вработените во ПОУ „Страшо Пинџур“ – с. Дреново активно се вклучија со низа активности.
Имено, учениците од 1 до 4 одделение, заедно со своите одделенски наставници беа ангажирани во своите училници. Вредните детски рачиња ги пребришаа училишните клупи, столчиња и шкафчиња.


Учениците од 5 до 8 одделение беа поделени во своите активности. 
Девојчињата беа работно ангажирани во училниците, а машките беа ангажирани во дворот на училиштето. Се собираше пластика, се исчисти и дворот од сувата трева, се собираше стара хартија.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП