Tuesday, October 13, 2015

АЛЕКСАНДРА МИХОВА ВО МАКЕДОНСКОТО МУЗИЧКО РЕАЛНО ШОУ „НА ИСТА АДРЕСА“


Сите учесници се познати, а меѓу нив се: Илија Петровски, Зои Блаж, Игор Митровиќ, Миа Морина, Валерија Димовска, Алмир Исмаили, Вики Јованџикова, Горан Ристовски, Стефан Давидовски, Марија Груевска, Марио Арангеловски и Александра Михова.



Конечно македонски производ во реално пакување! Станува збор за реалното музичко шоу на „Иста адреса“, кое се емитува на ТВ Алфа и во кое учествуваат дванаесет млади и талентирани македонски пејачи. Официјалниот старт на шоуто беше одбележан завчера, кога беа откриени и имињата на натпреварувачите кои ќе минат 100 дена „на иста адреса“.


Пејачите ќе бидат под надзор на своите вокал-професори Андријана Јаневска и Анета Качуркова и во наредните 100 дена ќе се борат за своето место на македонското музичко небо. Шоуто ќе се емитува во термините од 8.30 - 9 часот, од 15-17 часот попладне и од 20.30 до 22 часот навечер, како и некоја минута пред полноќ.

Станува збор за шоу кое по форматот е слично на „Операција триумф“, во кое пејачите ќе се надградуваат и натпреваруваат. Секоја сабота ќе има два настапа во живо, а во првите две недели никој нема да го напушти, додека во наредните недели, според гласовите на публиката, секоја сабота по еден учесник ќе си заминува дома.

Заедно со 12 натпреварувачи во луксузната вила, која е сместена во населбата Бардовци, влегоа и модниот дизајнер Златко Јовановски и стилистот Даниел Николовски, кои ќе се грижат за нивен што поубав впечаток. Шоуто завчеравечер го најави Марко - „Дај побрзај“, кој ја има улогата на водител, а тоа веќе има и насловна нумера „На иста адреса“, чиј композитор е Роберт Билбилов, а ја отпеа Елена Ристеска. (К.Ш.)

Извор: УТРИНСКИ

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП