Friday, October 9, 2015

СПАС ЗА БОЛНИТЕ ЗГЛОБОВИ


Артритис е воспаление на еден или повеќе зглобови и се манифестира со болка и оток во зглобовите. Иако постојат неколку стотици видови на болести кои се наведени како артритис, практиката покажува дека позади болката во зглобовите најчесто се кријат ревматоиден артритис, гихт и остеоартритис, но не смее да се занемари фактот дека можни се и други посериозни болести.



Со оглед дека причините за артритис се бројни, штом се појават симптомите, треба да се оди на лекар по прецизна дијагноза, да се открие причината на болеста и да се пропише соодветна лекарска терапија. 
Еве неколку природни начини со кои ќе ја намалите болката во зглобовите:

Магичен сок од компир

Сокот од компир ја врзува уринарната киселина, затоа се советува една чаша свеж сок од овој зеленчук секое утро пред доручек. За подобар вкус може да се измеша со лимонов сок или супа.

Сок од роквица

Свежо исцедениот сок од роквица може значајно да ги ублажи болките во зглобовите, а се зема три пати дневно по една супена лажица.

Јадете хељда

Оваа житарица содржи рутин и аскорутин, супстанца која лековито делува на многу болести, вклучувајќи го и артритисот. Хељдата го намалува крвниот притисок и маснотиите во крвта, помага во работата на бубрезите и треба да се практикува да се користи кај дијабетичарите. Кашата од хељда, како и производите од нејзиното брашно треба да ги имаат сите реуматичари на нивната маса.

Кантарион и мајчина душица

Две лажици мешавина од овие билки прелијте ги со половина литро топла вода, поклопете го и оставете го да отстои десет минути. Процедете и пијте по неколку пати дневно.

Мед и цимет за масажа
Помешајте лажица мед со две лажици млака вода и додајте малку цимет. Со оваа смеса секојдневно масирајте ги болните зглобови.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП