Во монтажна галерија во Кавадарци, вечерва беше отворена изложба на фотографии - пејзажи од градот Кавадарци на Симона Манчева, насловена „Црвено небо“.
Изложбата е дел од проектот „Мобилна култура“ на Центарот за современи уметности и е поддржана од проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Манчева (Кавадарци, 1987), дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2011 година, а две години подоцна магистрирала на одделот сликарство.
Нејзините уметнички интереси вклучуваат слики, цртежи на објекти, уметнички книги, колажи и фотографии на различни теми. Имала самостојни изложби и учествувала во групни претставувања во Македонија и во странство.
Извор: МИА
0 comments:
Post a Comment