Имено до автобуската станица во Охрид, во импровизираниот пазар на големо само за грозје, влезот до вчера бил 300 денари од возило и оваа такса важела се додека лозарите не го продадат грозјето кое го донеле на пазар.
Од денеска ЈП “Охридски Комуналец” им наплаќа таканаречена зимска тарифа со која дневно треба да плаќаат такса од 300 денари за секое возило ( комбе, камион, автомобил).
-Ова е нереална цена и не можеме да ја покриеме со продажбата на грозјето. Дополнително видете за што ни наплаќаат, за обична ливада. Овде условите се мизерни, ништо нема уредено, ни тезги, ни тоалети, нема вода…- се пожали производителот Трајче Стојков од Кавадарци.
Лозарите апелираат да се врати стариот начин на наплата за да можат барем нешто да извадат од грозјето кое го продаваат. Ова производство е скапо и со ваквите давачки нема да заработат ништо
- Бараме да се врати стариот начин на наплата, а не вакви високи такси бидејќи не се исплати. Приемер ако со едно возило само со 1000 килограми грозје останеме 3 дена на пазар треба да дадеме по 1000 денари за такса и ништо нема да остане за нас, производителите – вели Стојков.
Лозарите веќе реагирале до ЈП “Охридски Комуналец” и се надеваат дека од таму ќе им излезат во пресрет и ќе ја вратат старата цена на влезната такса.
Извор: БРИФ
0 comments:
Post a Comment