За творештвото на Цветкоски, избрани дела од 5 книги, од кои петтата содржи две книги, говореше промоторот, проф. д-р Илија Велев, кој рече дека станува збор за еден од поистакнатите творечки имиња од актуелната предводничка генерација македонски писатели.
Во македонската културна и книжевна јавност Цветкоски се профилира како препознатливо и нашироко признато творечко име со само свој изграден формат, пред се на поет, но и како критички проследувач на македонското и на поширокото балканско и светско книжевно творештво, уште како преведувач и публицист, а секако и како аниматор на современите културни процеси, нагласи Велев.
Издавањето на избраните дела од овој автор го реализира издавачот „Макавеј" од Скопје, под уредништво на д-р Владимир Цветковски, а со материјална поткрепа на Министерството за култура на Република Македонија и на издавачот.
Поетскиот избор на Бранко Цветкоски дефинитивно потврдува дека македонските книжевнотворечки процеси во последните три децении не останале статични, а ниту, пак, успеале целосно да зачекорат по лавиринтите на туѓите творечки искуства поради предизвикот од новите глобални културни тенденции. Едноставно, во неколку наврати ние сме истакнувале дека токму поезијата на Цветкоски ја засведочува континуираната еволуција на современата македонска книжевност, надградувајќи ја хоризонталата на македонската самосвојна поетска традиција, додаде Велев пред присутните во библиотеката.

0 comments:
Post a Comment