Градоначалникот и амбасадорот Раковец разговарале главно за економски теми.
- Интересот и на двете држави е пронаоѓањето на заеднички пазар и изнаоѓање начин наши компании да отвораат фабрики таму, каков што е примерот со ИГМ –Трејд и обратно, рече Панов.
Амбасадорот Раковец изјави дека бил запознат со развојните проекти на општината.
- Панов ме запозна со развојните проекти на Општината која важи за една од најуспешните во Македонија. Видовме дека Кавадарци не е само подрачје за квалитетни земјоделски производи, туку и на индустрија која успешно се развива. Општината може да се пофали со бројни странски инвестиции. Посебно ме радува дека меѓу нив има и словенечкото претпријатие кое ги изгради петте мини хидроцентрали на реката Бошава. Добро е тоа што и една кавадаречка фирма има инвестиционо вложување во Словенија .Се надеваме на понатамошна соработка, нагласи словенечкиот амбасадор.

0 comments:
Post a Comment