Saturday, October 10, 2015

ВО КАВАДАРЦИ ПРОМОВИРАНА АКЦИЈАТА „НА СЕКОЕ ДЕТЕ МУ Е ПОТРЕБНО СЕМЕЈСТВО“

Вработени во Центарот за социјални работи од Кавадарци одржаа состанок со претставници на урбаните и месните заедници од општините Кавадарци и Росоман.


- Акцијата е во насока на преземање на соодветни активности, создавање на средина за прифаќање на деца без родители и родителска грижа, за нивна соодветна заштита и грижа, преку стимулирање на заинтересираните граѓани да бидат потенцијални згрижувачки семејства, како и користење на поволните бенефиции кои ги нуди Владата на Република Македонија преку Министерството за труд и социјална политика, рече Вања Маневска, директор на Центарот.

Извор: КАНАЛ 5

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП