Целта на акцијата ,,Black Dot Campign,, која е покрената на фејсбук е многу полесно да се препознаат луѓето што се жртви на семејно насилство. Една црна точка на нивната дланка симболизира повик за помош.
Луѓето кои се жртви на насилство на овој начин можат да и покажат на околината дека се во опасност, дури и кога насилникот се наоѓа во нивна близина. Ако видете некој што нацртал точка на својата дланка, веднаш викнете помош, но така што при тоа насилникот да не ве забележи.
За само 24 часа од оваа кампања се спасени животите на шест жени, тврдат организаторите на кампањата и ги молат луѓето да им помогнат во ширењето на свеста за важноста на оваа мала црна точка.
Се што е потребно е на социјалните мрежи да а објавите фотографија од својата дланка со црна точка на неа и да објасните што значи тоа .
0 comments:
Post a Comment