Thursday, October 1, 2015

ПОЧИНА ПЕЈАЧКАТА УСНИЈА РЕЏЕПОВА



Пејачката на народна музика, Уснија Реџепова почина утринава на 69 годишна возраст по тешкото боледување.

Уснија три години се бореше со рак на белите дробови, а во понеделникот нејзината здравствена состојба дополнително се влоши откако таа имала неколку епилептични напади.

Како што пишуваат српските медиуми, телото на Уснија ќе биде донесено за неколку дена во Скопје каде ќе биде погребана.

Реџепова е една од ретките кои можат да се пофалат во богата дискографија и многубројни хитови.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП