Monday, September 14, 2015

НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРКА НА КРЕАКТИВ ,,BORN TO RUN,, - ПОБЕДИ СПОРТОТ И ЖЕЛБАТА ЗА ТРЧАЊЕ

Игор Јакимовски, Пепи Анакиев, Дарио Ивановски и Мартин Тодоров се победниците на првото издание на меѓународната трка „Кавадарци трки“ кои под мотото „Born to run“ во организација на младинскиот центар „Креактив” во соработка со бизнис секторот од општина Кавадарци и поддршка од локалната самоуправа, во неделата се оддржа во Кавадарци.
Со триумфот на трката на 1 километар, кавадарчанецот Мартин Тодоров успеа да ја наруши скопската доминација во остантите трки. Тодоров зад себе ги остави своите сограѓани Стојанче Димков и Петар Петров. На трката на 3 километри триумфираше Дарио Ивановски од Скопје, зад него на целта пристигна Богдан Ристовски исто така од Скопје, а трет заврши Филип Ризов од Кавадарци. Скопјанецот Пепи Анакиев беше најбрз на трката на 5 километри, на која пласман на подиумот обезбедија и Игор Цветановски од Скопје и Ангел Станков од Неготино, додека на 10 километри први до целта стигнаа Игор Јакимовски од Скопје, Даниел Џон Картер од Велс и Стеван Ристов од Кавадарци.
„На трките покрај тиквешани и натпреварувачи од цела Македонија, учествуваа и гости од Белгија и Обединетото кралство, Велс, Естонија, Литванија и други европски земји, како и од САД. Силите во трчање си ги одмерија осумдесет лица, меќу кои и 4 лица со посебни потреби од неготинска „Порака”. Најмалата патека за трчање беше всушност од забавен карактер за деца до 10 годишна возраст“ - рече во изјава за медиумите Елена Данова, асистент координатор во „Креактив”.
На „Кавадарци трки 2015“ , нагласи Данова, се трчаше без разлика на возраста и националноста, а главната цел е да се вратат трките во трчање во Кавадарци.
За победниците беа обезбедени медали и награди, а за сите присутни на настанот беше организирана и богата културно уметничка програма.

Пишува: Марјан Димитров

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП