Thursday, September 17, 2015

КРАДЕЦОТ НА МАЈМУНЧЕТО ОД СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ПОВТОРНО ВО АКЦИЈА

Еден од краците на мајмунчето од Зоолошката градина во Скопје, пред пета дена бил фатен во друга кражба




Вечерта на 12 септември околу 20 часот, влегол во куќа во населбата Глишич во Кавадарци и
украл кутија со мобилен телефон. Сопственикот на куќата го фатил крадецот на дело, но за да избега со телефонот, тој извадил пиштол и испукал еден куршум во воздух и избегал. Половина час по кражбата бил приведен и одреден му е 30 дневен притвор.

При претрес во неговиот дом биле најдени предмети кои ги имал украдено од претходно.

Против него е поднесена кривична пријава за „разбојнички кражби“. Кавадарчанецот заедно со негова пријателка пред извесно време украдоа мајмунче од Зоолошката градина во Скопје, но набргу беа фатени.

Се правдаа дека мајмунчето го украле за да му го подарат на детето на жената која учествуваше во кражбата. Но, според информациите на полицијата, крадците планирале мајмунчето да го продадат.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП