НА СИЛА НЕ НАПРАВИЈА ТУРБО КИЧ НАЦИЈА: СЕ ЗАТВОРААТ ПРОГРЕСИВНИ КЛУБОВИ, НЕ „БОМБАРДИРААТ“ СО ТУРСКИ СЕРИИ И ГЛУПИ РЕАЛНИ ШОУА
По Скопје, кое го изгуби едно од најпрогресивните места во градот, “Сектор 909“, поради, како што информираше менаџментот: „одредени групации формирани на политичка и бизнис основа, кои прават натчовечки напори за да го задушат и уништат урбаниот ноќен живот во Скопје„, од слични причини, поради бројни инспекции и Штип го загуби познатото „Ангелс кафе“.
За разлика од нив, никој ни ги чепка, ни ги контролира местата низ земјата кои никнуваат како печурки и шират музика позната како турбо фолк, со која ние како нација немаме ама баш ништо. Или имаме?
Па не е ни чудо кога ќе прочитате дека некоја девојка сакала да се самоубие поради невозвратена љубов, а друга ја претепала другарка и, зошто и го собрала дечкото... Кршење чаши, тепачка, пијанчење, швалерки, невозвратена љубов, дрога, секс, одмазда, љубомора...ова се главните елементи на оваа шунд музика.

Како да не ни е доста турбо фолкот, телевизиите секојдневно не „бомбардираат“ со турски серии, турбо фолк и реални шоуа, кои пропагираат исто толку многу шунд, невкус, војаеризам, кич..., а истите се и главната вест на многу портали.
Незнам што некоја си старлета Станаја направила за македонското општество и општо за човештвото, за да биде главна вест секој ден. Што вредности пропаѓира таа? Дека пари и кариера се прават со позирање гол и...
Што е најстрашно од се и децата ни растат со турски серии и кичерајски шоуа, па да не се чудиме во што ќе израснат на крај и дали ќе ни шетат голи, ќе се снимаат додека имаат секс, а за да успеат во животот ќе го користат телото, а не мозокот, а од историја повеќе ќе знаат за Турција, отколку за Македонија.
Најчесто образложението на телевзиите е дека тоа се гледало, а на порталите тоа носело читаност.
Јас лично не би се согласил со тоа. Народот гледа и чита тоа што му се сервира. И друго нешто, кавалитетно и со некакви вредности, да му биде понудено, ќе го прифати и тоа.
Да не заборавиме дека една од основните задачи на медиумите е да образува и да создава вредности.
Се што нудат македонските медиуми е многу долга и тажна приказна, но мене ме интересира што работат во меѓувреме државните институции кои треба да не штитат од ово зло и до кога на големите компании во земјава ќе им биде најголем предизвик да спонзорираат концерти кои шират турбо фолк и шунд, а една манифестација ќе помине без турбо фолк стар.
Извор: emagazin.mk

0 comments:
Post a Comment