Во Кавадарци има регистрирано над стотина уживатели на дрога, кои ги користат услугите на Дневниот метадонски центар каде активно се лекуваат 40-ина наркозависници. Со отворањето на Центарот за рехабилитација, зависниците од дрога и алкохол ќе бидат третирани од психолог и социолог. Целта е овие граѓани психосоцијално да се рехабилитираат за да им се помогне да се вклучат во општествениот живот.
„Се работи за проект кој беше дел од владината програма, кој е заедничка инвестиција на МТСП и локалната самоуправа. Инвестицијата изнесува околу 1,5 милион денари. Целосно е реконструиран и опремен објектот. Овде ќе се врши психо-социјална подршка на семејствата и на корисниците на овој Дневен центар, индивидуалана и тимска работа, исто така работни третмани, подршка од психолог, педагог и социјален работник“, рече министерот Спасов и најави дека со градоначалникот Панов разговарале за преадаптација на постоечки обекти кои не се во функција за детска градинка и дом за стари лица.
Посетата на Кавадарци министерот Спасов ја искористи да ги посети и шесте семејства чии куќи летово изгореа во пожар по удар на гром. Куќите се реконструирани, сменет е покривот и сега семејствата можат да живеат во своите домови. (А.Д.)
Извор: www.utrinski.mk
0 comments:
Post a Comment