Sunday, September 20, 2015

ЧЕТВРТА ИЗЛОЖБА НА ОЛДТАЈМЕРИ „КАВАДАРЦИ 2015“


Изложбата на олдтајмери „Кавадарци 2015“, која годинава ќе се одржи по четврти пат, ќе се одржи на 27 септември, недела. Како и претходните три години, центарот на Кавадарци е резервиран за историски автомобили и мотоцикли кои поминувале по истите улици пред повеќе од 30 години.

Настанот ќе го збогатат возила од целата држава, а организаторот ќе се погрижи да ја оправда гостопримливоста по која е позната Тиквешијата.
Учеството е бесплатно, а сите кои сакаат да го најават своето присуство можат да се пријават на телефонскиот број 070 239 423 и единствено што треба дан направат е да ги остават податоците за сопственикот и возилото.

Настанот ќе трае од 10 до 15 часот, со што учесниците треба да бидат во Кавадарци најдоцна до 9 и 30.
Добрата забава е загарантирана!

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП