Но науката неколку пати ги има отфрлено овие тврдење и уште еднаш докажа дека гејмањето всушност е добро за луѓето. Најновото истражување од универзитетот за електронска наука и технологија во Кина, покажа дека гејмерите имаат повеќе сива материја и подобри конекции во мозокот. Истражувањето вклучи медицинска анализа на испитувања со магнетна резонанца (МР) на 27 професионални и 30 аматери гејмери.
Двете групи беа тестирани со помош на специјална видео игра што го тестира времето на реакција, координација на движењата на рацето со очите, преку елементи како борба, пукање и трки.
Научниците ги анализираа МР тестовите на субјекти, фокусирајќи се на пределот од мозокот што се асоцира со перцепција, внимание и контрола на моторни функции.
Резултатите покажаа дека професионалните гејмери имаат подобри конекции во различни региони и мрежи во мозокот и побрзо реагираат. Повеќето активирани конекции се во делот од мозокот што се асоцира со организација, пресметки и објективно размислување.
Извор: Kajgana.com
0 comments:
Post a Comment