Tuesday, September 15, 2015
ПЕТ ГРЕШКИ КОИ БОГАТИТЕ ЛУЃЕ НЕ ГИ ПРАВАТ
Основната разлика помеѓу богатите луѓе и „остатокот од светот“ е во располагањето со парите. Авторот на книгата „Потенцијален милионер“, Џејми Тарди разговарал со повеќе од 150 богати луѓе кои научиле како да се справат со парите, додека од друга страна поголемиот број од луѓето постојано ги повторуваат истите грешки и се се подалеку од богатството. Ова се некои од тие грешки:
Ако не сте добро запознаени со вашата финансиска состојба и лошо управувате со парите, тој како песок ќе ви помине низ рацете. Во случај да сакате да имате повеќе пари, важно е да пресметате колку пари заработувате и колку трошите врз основа на тоа да донесете одлука на кој начин можете да заработие повеќе. Најлошо е што можете да направите е да ги игнорирате фактите бидејќи со тоа можете да ги натрупате долговите.
Иако мислите дека богатите се расфрлаат со пари, многу често се „цврсто на земја“ и повеќе отколку што можете да замислите. Нивните инвестиции се прилагодени на финансиската ситуација, а затоа богатите наместо да ги трошат, ги чуваат парите.
Успешните луѓе сфаќаат дека секоја поголема промена во животот со себе носи и одредени финансиски промени, па во склад со тоа прават план за да ја задржат, но и унапредат финансиската стабилност.
Наместо да штедите на мали работи кои ви го разубавуваат секојдневието, фокусирајте се на дополнителни извори на заработка. Богатите луѓе сфаќаат дека постои лимит колку може да се штеди, но не постои граница колку може да се заработи.
Знаете како се вели: Колку пари, толку музика. Многу често тоа е вистина, а богатите сфаќаат дека поскапата опција е подолгорочна и е подобар избор. Ако на пример купите поефтини чевли, поради лошиот квалитет многу брзо може да „откажат“, а ако вложите малку повеќе, тие ќе ве служат со години. Така е и со поголемите работи.
0 comments:
Post a Comment