Tuesday, September 15, 2015

КАВАДАРЦИ ДОБИ МЛАДИНСКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

По Прилеп, Кавадарци е вториот град во Македонија што доби свој Младински информативен центар, сместен во реновираната просторија во центарот на градот и со нов инвентар.


Волонтерите од Турција облечени во
македонска народна носија го играа пајдушкото оро
Ова ќе биде место каде што во иднина непречено ќе се разменуваат информации, ќе се вршат разни обуки и едукации од сите области што се од интерес за младите.

На денот кога симболично со сечење на лентата беше пуштен во употреба Младинскиот информативен центар присуствуваа и амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренц Оер, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасевски, извршниот директор на коалицијата за младински организации „Сега“, Зоран Илиески, и градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

Тој изрази голема благодарност до Агенцијата на асоцијации за локална демократија (АЛДА), која во рамките на програмата за децентрализирана соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија од Франција ја поддржа идејата за отворање на Младинскиот информативен центар во Кавадарци. Амбасадорката Оер јавно изрази ветување дека француската амбасада во иднина со сигурност на најдобар начин ќе го анимира Младинскиот информативен центар во Кавадарци за да се оствари поврзување на младите од Европа и од Македонија.

По повод свеченото отворање на Младинскиот информативен центар, Советот за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци организираше пригодна приредба, заедно со волонтерите од Турција. Нивниот настап беше бурно поздравен, особено кога облечени во македонска народна носија го играа пајдушкото оро и ја пееја песната „Македонско девојче“.

Инаку, центарот се наоѓа на улицата Ресавска број 4 во Кавадарци, каде што и досега своите активности ги извршуваше Советот за превентива против малолетничка деликвенција.

Автор: Ми.М. 

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП