– На светското првенство во хст Трајков доби бронза во категоријата руфз или брзо и точно примање на радио аматерски знаци. Во оваа категорија силите си ги одмерија четириесеттина натпреварувачи. Најдобар беше натпреварувачот од Белорусија, а второто место го освои русин. На првенството има околу 200 претставници од различни земји, соопшти „Искра“.
Од кавадаречкиот клуб кажуваат дека репрезентацијата на радиоаматери од Македонија ја сочинуваат петмина натпреварувачи во различни дисциплини, од кои четворица од Кавадарци.
– Македонската репрезентација ја предводи Младен Марковски, кој се натпреваруваше во една од категориите на првенството. Тука се и Дарко Трајков и Вељан Ѓорѓиов од Кавадарци, кои освоија четврти места во категориите во кои си ги одмерија силите со претставниците на други земји, како и штипјанецот Зоранчо Крстев од радио клубот „Штип“, информира „Искра“.
0 comments:
Post a Comment