На 24, 25 и 26 септември, по 31-ви пат ќе се одржи „Фолк-фест Валандово“, во целосно реконструираната сала на Домот на културата во Валандово која отсега го носи името Јанко Узунов.
Со одлука на Советот на општина Валандово, реконструираната сала го носи името на доајенот на македонската забавна и новосоздадена народна музика, Јанко Узунов, кој неколку значајни почетоци во својот живот и кариера има токму во својот роден крај.
Според новиот фестивалски календар во Македонија, одреден и поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија, ова ќе биде втора година на „Валандово“ во есенско издание, кое ќе се одржува во три дена, со две полуфинални и една финална вечер, кои ќе бидат пренесувани на телевизиските програми од страна на МРТВ. Годинава фестивалските награди се во преполовен износ во однос на минатата година, но се’ уште со завиден износ. Првата фестивалска награда е во вредност од 10.000 евра, за второнаградената песна се наменети 7.500 евра, додека тимот што ќе го освои третото место ќе треба да се задоволи со поделба на 5.000 евра. Предвидени се уште и награди за: најдобар аранжман, најдобар дебитант (годинава ги има шестмина), сценски настап и најдобра интерпретација, кои се во денарска противвредност од 1.000 евра.
Во трите фестивалски дена ќе бидат изведени 32 песни, од кои во финалето ќе се пласираат 16 песни. За пласман во финалето, како и за наградите ќе се одлучува според гласови од телевоутингот, но и според гласовите на петчленото жири, во однос 50:50.
На „Фолк-фест Валандово 2015“ ќе настапат: Горан Кукиќ, Јасмина Гуњова, група „Милениум“, „Ориентал бенд“, Јовица Мицевски, Васил Арнаудов, Елена Јовчевска, Кристијан Тасевски, Ирена Спасовска и група „Скопски боеми“, Александар Цветковски, Сузана Јовчева, Ани Малинкова, Мишко Крстевски, Раде Рогожаров, Милован Секуловски, Марија Петковска, Бобан Вељановски, Благоја Грујоски, Сања Петковска-Сани, Ема Арсовска, Далибор Ѓошиќ, Оливер Алексовски и „Фамосо бенд“, Душко Георгиевски, група „Маестро“, Кирил Митоски, Тања Јовановска, група „Мотив“, Сузана Ѓавазова, Јуле Николовска, Оливер Глигоров, Милица Крсмановиќ, Игор Ангелов.
Водители на фестивалот ќе бидат Ели Танаскова на сцената и Зоран Георгиев во бекстејџот.

0 comments:
Post a Comment