Еден од таквите пејачи, кој долги години е присутен на македонската естрада е и Блаже Богев. Тој за себе вели дека ја имал таа привилегија да влезе во музиката во времето кога се знаеше кој пее и кој свири, во времето кога имаше критериуми во тогашната музичка продукција на Р.Т.Скопје, во времето кога на сцена остануваш и си третиран како пејач само ако имаш квалитет.
Блаже Богев досега има издадено 5 албуми со народни и новокомпонирани песни, како и настапи на повеќе фестивали во републикава, со снимени над 80 песни со сите оркестри на МРТ. Тука можеме да издвоиме голем број на евергрини како што се: “Штом чукне полноќ”, “Во ноќта тивка”, ”Ој Јано, Јано”, “Вардаре горд”, “Цвете мило” и други.
0 comments:
Post a Comment