На 24-ти јуни, истражувачите ќе се сретнат со Администрацијата за храна и лекови (ФДА) за една многу специфична причина - тие сакаат да тестираат лек кој може да го забави процесот на стареење.
Доколку успеат, ќе покажат дека стареењето е всушност состојба која може да се третира со лекови, што пак би можело да го поттикне напредокот и финансирањето на истражувањата за стареењето. Според коментарите на некои од официјалните службеници, се чини дека ФДА ќе каже да.
Кога станува збор за здравствени и фармацевтски истражувања, целта е да се излечи одредена болест или состојба. Но често, доколку пациентот е постар, неговото тело не може да се регенерира доволно за целосно да се излечи. Пациентите се лечат од една болест, притоа се заболуваат од друга и набрзо умираат.
Оние кои го истражуваат стареењето не бараат бесмртност, туку едноставно сакаат да ги задржат луѓето поздрави за подолг период. Нивниот експеримент е наречен „TAME“ (Targeting Aging with Metformin) или третирање на стареењето со метформин.
Метформинот кој истражувачите ќе го тестираат веќе се користи за третирање на дијабетес тип 2, при што ја потиснува продукцијата на глукоза во црниот дроб и го прави телото почувствително на инсулин. Податоците собрани во текот на последниве 60 години, укажуваат на тоа дека овој лек може да има и други ефекти, како одложување на појавата на срцеви заболувања, рак и когнитивен пад.
Тестирањето на лекот ќе вклучи 3 000 учесницни на возраст 70-80 години, кои имаат една или две од гореспоменатите состојби. Истражувачите ќе ги набљудуваат пациентите во текот на 5-7 години за да видат дали лекот ја намалува прогресијата на болеста. За тоа ќе им бидат потребни 50 милиони долари, кои се’ уште не им се обезбедени. Со помош на ФДА, истражувачите се надеваат дека ќе си го олеснат процесот на финансирање за да можат да започнат со тестирањето за неколку години.

0 comments:
Post a Comment