Tuesday, August 25, 2015

ЛОЗАРИТЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД ОТКУПНИТЕ ЦЕНИ


Лозарите бараат 15 денари за “вранец” и 13 за килограм “смедеревка”, а винарите даваат 12 и 10 денари.



-И по трет пат, иако разговаравме околу 4.5 часа, не најдовме заеднички јазик што се вели и не утврдивме цени за килограм грозје од годинешнава реколта. Нема спогодба, па се очекува до неа да дојде идниот понеделник за кога е закажана нова средба-изјавува претседателот на регионалниот сојуз на лозари “Агротиквешија”,Љупчо Аризанов по средбата. 
Тој изрази незадоволство од односот на винарите.
-Имаат илјада и едно оправдување за цените кои ги предлагаат но кои никако не се реални и не ги покриваат нашите трошоци за производство. Се правдаат со состојбите на пазарите, виното демек не одело. Но тие оправдувања веќе не палат кај нас-ни рече Аризанов.

Пишува: Марјан Димитров

Превземено од: https://www.facebook.com/marjan.dimitrov.12

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП