Потоа (13.00)ќе следува дегустација на вина од тиквешки винарии и презентација и дегустација на повеќе сорти на грозје, а петочната програма продолжува vo 14.00 со кошаркарскиот турнир „Сестри Китеви“.
Забавата на градскиот плоштад ќе започне со убавата песна на легендарниот Никола Бадев во чија чест ќе биде посветена „вечерта на виното и песната“, по што ќе следи настап на Христијан Тодоровски, Ареа и Ди џеј Bабура, а на полноќ во хотелот „Уни Палас 2“ ќе се избираат вински крал и кралица.
Во сабота на 29 август гроздоберската програма започнува со Кинолошката изложба на спортскиот центар ,,Јасмин“ во 10.00 часот а потоа следува изложба на олдтајмери во 11 и турнир во табла во 12.00 часо.
По изложбата на фотографии „Замоци, Дворци и спомениците на УНЕСКО“ во Република Чешка во 18.00 ќе започнат централните активности од годинашниот гроздобер, Винскиот карневал од 19.00 Концертите на „Црвена Јабука“ во 21.30 и „Оливер Драгоевиќ“ од 23 часот.Тиквешјата се централните музиучки настани во сабота навечер а Тиквешката серенада е предвидена во 00.00 часот.
Првиот дел од програмата во недела на 30 август е наменета за најмладите. На градскиот плоштад ќе има улични забавувачи од 11.00 часот а потоа детска музичка програма, а на пладне во 12 часот ќе започне детскиот карневал.Следува детски ликовен перформанс.Попладне од 18 и 30 ќе се избираат најдобри вина, а од 21 часот на Градскиот плоштад е планиран музички хепенинг на кој настапуваат Наташа Малинкова, Суперхикс и U2 трибјут бенд.
М.Д.
0 comments:
Post a Comment