Tuesday, June 30, 2015

КРВЕН ПРИТИСОК И ЦРЕВНИ ВИРОЗИ НАЈЧЕСТИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ КАЈ КАВАДАРЧАНИ

Иако има зачестена промена на температурата и времето е променливо, генерално кај кавадарчани не се бележат некои посебни здравствени проблеми, велат од Итната медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци.

„Најчесто пациентите се соочуваат со проблеми во крвниот притисок, негово варирање, зачестија цревните инфекции кои се проследени со пролив и повраќање, во овој период има многу алергии, како кожни, така и респираторни. Од жешкото време има и колапси. Состојбата со срцеви и мозочни удари е константна“ ни рече д-р Антоан Паракеов, началник на итната медицинска помош во Кавадарци.

Тој апелира граѓаните да бидат внимателни во делот на хигиената. Редовно да се мијат рацете, пред консумација овошјето и зеленчукот да бидат добро измиени со млаз на вода. Да се внесуваат повеќе течности, да се избегнуваат алкохолни и кофеински напитоци. Хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија од матичните лекари.

Од општа болница Кавадарци добивме информација дека исто така нема зголемен обем на работа, споредено со редовното работење. Досега биле третирани двајца пациенти каснати од змија. Директорот на болницата, д-р Орце Ангеловски вели граѓаните се внимателни, иако е зголемен бројот на змиите ова лето.

Од директорот на Здравствен дом Кавадарци, д-р Никола Трендафилов добивме информации дека покрај тоа што 24 часа работи итната медицинска помош во Кавадарци, екипи на Здравствен дом покриваат и дежурства на автопатот Демир Капија- Гевгелија, заедно со колегите од Неготино и Валандово, а исто така имаат и пункт на границата каде се вакцинираат мигрантите кои влегуваат во земјава.

0 comments:

Post a Comment


ЗАНИМЛИВОСТИ

КУЈНА

МУЗИКА

ЕПРОСКОП